„Верденс ганг“: Наскоро одлука за продолжување на мандатот на Столтенберг на чело на Алијансата

STOLENBERG
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во следните неколку дена може да се очекува официјалната одлука на НАТО за продолжување на мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, пишува денеска норвешкиот весник „Верденс ганг“, повикувајќи се на три неименувани дипломатски извори.

Како што наведува, сите земји членки на НАТО се обединети во својата одлука да побараат од Столтенберг да продолжи да ја извршува функцијата генерален секретар.


Столтенберг се уште официјално не се согласил да го продолжи својот мандат.

Договорот што го има со НАТО му истекува на 1 октомври годинава.

Норвешкиот весник наведува дека мандатот на Столтенберг се очекува да биде продолжен пред самитот на НАТО на 11 и 12 јули во Вилнус.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK