Во САД избрано „најгрдото“ куче за годинава

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во американската сојузна држава Калифорнија се одржа традиционалниот натпревар за најгрдо куче на светот.

Ова натпреварување се одржува веќе 20 години, ја слави различноста меѓу кучињата и го поттикнува посвојувањето на оние коишто се запоставени поради нивниот изглед, поради што повеќето се во прифатилишта. Кај секое куче кое се натпреварува за титулата „најгрдо“ се истакнува она што го прави животинчето уникатно.


Така, првото место годинава му припадна на миленичето од расата кинеско ретковлакнесто куче (Chinese crested dog) по име Скутер, кое има деформитет на задните нозе. Тоа освои 1.500 долари парична награда и соодветен трофеј.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK