Остануваме на ставот дека уставни измени под овие околности и под бугарски диктат се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е став на партиските органи, на нашата пратеничка група, став донесен по широк консензус донесен по соодветна дебата во рамките на партијата, изјави за ТВ 24, Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Муцунски, владата на СДСМ и ДУИ решила да презема обврска надвор од нејзината надлежност согласно Устав и законите во однос со Бугарија.
– И покрај сите предупредувања, владата реши да презема обврска надвор од нејзината надлежност согласно Устав и законите. Е сега за тоа решение е потребен консензус, и не е тоа решени на маса и земи или остави такво такво што е, бидејќи доколку сакале да го почитуваат и вреднуваат ставот на ВМРО-ДПМНЕ тоа требало да го направат во моментот кога се преговарало за вакво решение. Бидејќи сите знаевме дека во соседна Бугарија имало консензуално одлучување кај клучните политички субјекти по решението кое што се понудило, вели Муцунски.
Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да чувствува одговорност како политичка партија доколку не поминат уставните измени.
– Притисокот е кај владата, бидејќи владата, односно парламентарното мнозинство на ДУИ подржано од СДСМ е тоа кое одлучи да влезе во оваа авантура и несомнено од ден за ден гледам дека тие се под сериозен притисок бидејќи преземале обврска која што не можат да ја реализираат. Така што притисокот не е врз ВМРО-ДПМНЕ, притисокот е врз мнозинството. И нема зошто да чувствуваме одговорност како политички субјект за нешто за кое не сме преговарале и не сме биле информирани, вели Муцуснки