Во Куманово приведени две лица по распишани потерници

PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од СВР Куманово вчера и денеска лишиле од слобода две лица за кои биле распишани потерници и ги спровеле во казнено-поправните установи.

Според МВР, вчера во 10.00 часот, врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, бил лишен од слобода З.С. (70) од Куманово. Тој се барал со потерница за издржување на мерка притвор, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по член 247 ст.4 в.в ст.4 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.


Денеска, пак, во 08.30 часот, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, полициските службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х. (60) од село Сопот, кумановско. Тој се барал со потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK