Џафери: Курбан Бајрам e празник на солидарноста и сочувството

dzaferi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од име на пратениците во Собранието, како и од негово, собранискиот претседател Талат Џафери на сите припадници на исламската вероисповед им изрази честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам, со надеж дека празникот ќе ги најде во добро здравје, душевен мир и семејна топлина, каде и да се празнува.

– Курбан Бајрам e празник на солидарноста и сочувството, празник на широкоградоста и простувањето, празник на споделувањето и себе – вложувањето, на разбирањето и почитувањето меѓу луѓето. И оваа година Курбан Бајрам нека ги облее срцата на сите луѓе и нека ги исполни со радоста што ја носи со себе. На овој голем ден да ја споделиме трпезата, да го споделиме она што го имаме со блиските или далечните, познатите или непознатите, со оние кои имаат повеќе и со оние кои имаат помалку. Во ова време на премрежија низ кое поминува и целото човештво и нашата држава, да не дозволиме сами и осамени да поминуваме низ сопствените и туѓите битки и предизвици; да се обединиме за надминување на секоја пречка или тешкотија што се појавува пред нас. Да го славиме заедно животот и да ја градиме заедничката иднина, затоа што сите сме неотуѓив дел од ова тло. Честит Курбан Бајрам и многу години да го празнуваме, се наведува во честитката на Џафери.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK