Музејот „Ермитаж“ во Амстердам, Холандија, којшто ги прекина врските со „Ермитаж“ од Санкт Петербург во Русија, по почетокот на војната во Украина, официјално го смени името и најави партнерство со реномирани галерии од Лондон, Париз и Вашингтон.
Имено, „Ермитаж Амстердам“ од септември ќе се вика „Х’АРТ музеј“.
Музејот веќе има воспоставено партнерство со Британскиот музеј, Центарот Помпиду од Франција и Американскиот уметнички музеј Смитсонијан.