Центар за корисници на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ на новиот градски пазар во Делчево

Delcevo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На новиот градски пазар, Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево ќе отвори центар за корисници. Целта како што информираа од претпријатието е подобрена и подостапна услуга на граѓаните.

-Граѓаните во овој центар ќе можат да плаќаат сметки, да пријавуват состојба на водомер, да поднесуваат барања за промена на водомер или барање за нов приклучок и слично, информираа од претпријатието.


Центарот како што додадоа ќе располага со соодветна опрема и промотивен материјал за услугите на ЈКП „Брегалница“.

-Отворањето на центарот е дел од проектот „Подобрување на водоснабдувањето на Делчево“ поддржан од Швајцарската Влада, во мерката корпоративен развој на претпријатието, додадоа од делчевското комунално претпијатие.

Со одлука на Совет новоизградениот Градски пазар кој беше отворен минатата сабота е предаден на користење на ЈКП ,,Брегалница” Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK