Во Тетово ќе се продаваат уметнички слики, средствата наменети за лицата со посебни потреби

aukcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Тетово се организира хуманитарен настан за продажба на уметнички слики, а собраните средства ќе се дадат на лицата со посебни потреби. Настанот го организираат Здружение за церебрална парализа Тетово и ликовните уметници.

Уметничките слики ќе бидат изложени и ќе има аукција за нивна продажба во кафе-клубот „Вајб“ (Vibe) кај Стара градинка утре, среда 26 јуни 2023 година со почеток од 20 часот.


-Ја иницирав оваа аукција во соработка со Здружението за церебрална парализа Тетово со хуманитарен карактер за да се помогне на лицата со посебни потреби. Мислам дека секој од нас треба да им помогне на овие луѓе затоа што што промените треба да почнат од секој од нас, за да имаме едно подобро општество за сите. Секој добронамерен, особено општествено одговорни компаниите што се од Тетово, треба да бидат дел од овој настан и да се помогне на овие лица затоа што и како им треба нашата помош и поддршка, информира уметникот Славчо Максимовски.

Музички гости се Трио Шербет кои ќе настапат во клубот. Вакви добротворни аукции Максимовски има реализирано во Велес и Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK