Био-отпад во Европска унија

bio-otpad
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Автор: Д-р Јана Клопчевска, Технолошко-Металуршки факултет, УКИМ, Скопје

Според најновиот извештај на Европската комисија за 2022 година, количината на комунален био-отпад која се селектира, а потоа собира и преработува во висококвалитетен компост не надминува 40 милиони тони. Преточено во проценти од вкупните количини, ова значи дека само 17% од цврстиот комунален отпад се рециклира преку компостирање.


За постигнување на поставените цели за рециклирање до 2035-та година, според кои треба да се достигне ниво на рециклирање од 65% од отпадот кој се произведува, потребно е да се воведат дополнителни стимулации за подобрување на процесите на селекција и биолошко управување со отпадот на европско ниво. Во Европската Унија, годишно се создаваат некаде помеѓу 118 и 138 милиони тони био-отпад, од кои само околу 40%, ефективно се рециклираат во висококвалитетен компост. Околу 50% од цврстиот комунален отпад отпаѓа на био-отпадот и неговите фракции, што игра важна улога во рециклирањето и во циркуларната економија. Спроведувањето на селективно собирање на био-отпадот во сите земји-членки на ЕУ, како што е пропишано во Рамковната директива за отпад, е всушност клучот за пренасочување на био-отпадот од депониите. Тоа за возврат гарантира добивање на висококвалитетни секундарни суровини кои може да се пласираат на европскиот пазар, но и пошироко.

Според Еворпската статискитка, поголемиот дел од комуналниот отпад се отстранува преку депонирање (24%) и согорување (27%), а помалку од половина преку рециклирање (31%) и компостирање (17%).  Податоците од Европската агенција за животна средина даваат јасен податок за зголемено рециклирање на стакло, хартија и картон, метали и пластика, особно во  последниве години. Од друга страна, пак нема соодветно зголемување на рециклирањето на био-отпадот. Ако не се зголемуваат капацитетите и не се воведуваат подобри практики за реупотреба и рециклирање на био-отпадот, тоа негативно ќе влијае врз животната средина.

Повеќе информации за ова може да најдете на следните линкови:  https://www.compostnetwork.info/policy/biowaste-in-europe/treatment-bio-waste-europe/

https://www.compostnetwork.info/policy/biowaste-in-europe/

https://www.compostnetwork.info/policy/biowaste-in-europe/perspective-for-bio-waste-management-in-europe/

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK