Кирил Лазаров во „Куќата на славни“ на Европската ракометна федерација

lazarov_34223423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Актуелниот селектор и најуспешен македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров вечерва на гала свеченост во Виена е примен во „Куќата на славни“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

На свеченоста по повод 30. години од формирањето на ракометната Лига на шампиони, први членови на „Куќата на славните“ станаа 60 ракометни легенди од Стариот континет во машка и женска конкуренција, а меѓу нив и легендата на македонскиот ракомет.


Заедно со Лазаров во конкуренцијата десен бек влегоа и Олафур Стефансон и Ласло Наѓ, а меѓу првите 30 членови на „Куќата на славните“ во машка конкуренција се најдоа и Штефан Кречмар, Ирфан Смајлагиќ, Филип Јиха, Талант Душебаев, Ивано Балиќ, Ласе Сван, Арпад Штербик и многу други.

Лазаров за македонската репрезентација одигра 236 натпревари на кои постигна 1.728 голови, и беше прогласуван за најдобар стрелец на Светското првенство 2009 и на Европското првенство 2012.

На клупски план освои 53 трофеи, вклучувајќи ја и тулата во Лигата на шампиони со Барселона во 2015 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK