Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу кариерата ќе ја продолжи во Падерборн, соопшти денеска германскиот второлигаш, не објавувајќи поединости околу временската рамка и финансиските детали од договорот.
Муслиу (28) се пресели во членот на Втората Бундеслига од редовите на третолигашот Инголштад чиј дрес го носеше изминатите 18 месеци.
-Висар е во своите најдобри фудбалски години и поседува одлична комбинација од искуство и физички предиспозиции што е особено важно на позицијата централен дефанзивец на која игра, изјави за клупскиот сајт спортскиот директор на Падерборн, Бенџамин Вебер.
Муслиу во кариерата претходно настапуваше за Ренова, Вардар, Шкендија и Фехервар.
Од дебито во септември 2017 година, Муслиу одигра 51 натпревари за македонската репрезентација.