Блинкен: Нема промени во состојбата на нуклеарното оружје во Русија по бунтот на Вагнер


blinken
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа изјави дека не гледа промени во состојбата на руското нуклеаро оружје по извештаите дека приватната воена компанија „Вагнер“, имала намера викендов да зазеде складиште со тактичко нуклеарно оружје лоцирано во Воронеж.

-Секојпат кога некоја голема земја како Русија покажува знаци на нестабилност тоа е повод за загриженост. Кога станува збор за нуклеарното оружје не гледаме промени во неговата состојба, и нема промени и во нашата состојба. Но тоа е нешто што, секако, го набљудуваме мошне внимателно, изјави Блинкен синоќа во интервју за Си-ен-ен.


По оружената пресметка меѓу руската војска и платениците од „Вагнер“ викендов во Русија, и непознаницата за локацијата на рускиот претседател Владимир Путин, официјален Вашингтон е во постојана координација со сојузниците, а поради стравувањата рускиот претседател да ја загуби надлежноста над нуклеарното оружје што да може повлече големи ризици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK