Австралија обезбедува речиси 74 милиони долари нова помош за Украина

albaneze
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австралиската влада ќе и обезбеди на Украина нова помош во вредност од 73,5 милиони долари за одбрана од руската инвазија, изјави премиерот на земјата Ентони Албанезе. Помошта ќе опфати 28 оклопни возила М113, 14 возила за специјални операции, 28 камиони со средна големина и 14 приколки.

„Австралија е цврста во својата одлука да ги осуди и да се спротивстави на руските акции и да и помогне на Украина да постигне победа“, рече Албанезе. Австралија, исто така, ќе го продолжи увозот на стоки од Украина без царина за уште 12 месеци за да го поддржи нејзиното закрепнување и трговските можности.


Со тие обврски, вкупниот придонес на Австралија за поддршка на Украина изнесува 790 милиони австралиски долари, вклучително и 610 милиони австралиски долари воена помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK