Претреси во Тетово, пронајдена дрога, следуваат кривични пријави

marihuana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во домовите на две лица во Тетово, полицијата синоќа пронашла марихуана.

Од МВР информираат дека вчеравечер, во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот А.Љ.(31). При претрес извршен врз основа на издадена судска наредба во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана.


-Во 22.30 претрес со судска наредба бил извршен и во домот на С.Б.(33) од Тетово, при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана подготвени за продажба. Лицето не било во својот дом, но подоцна било лоцирано и повикано во полициска станица. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK