– Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање се осврна на актуелните настани во Русија. Тој рече дека оваа ситуација покажува дека Русија е во целосен хаос и му порача на Западот дека сега е добро време да испрати оружје во Украина.
Зеленски оцени дека бунтот на платеничките трупи на Вагнер во Русија го разоткри целосниот хаос во земјата. – Денес светот може да види дека господарите на Русија не контролираат ништо. Воопшто ништо. Едноставно, целосен хаос. Отсуство на каква било предвидливост, рече Зеленски во своето видео обраќање.
Тој потенцираше дека Украинците нема да молчат, нема да останат неактивни и дека „безбедноста на источното крило на Европа зависи исклучиво од нашата одбрана“.
Обраќајќи му се на Путин, Зеленски рече: „Колку подолго вашите војници ќе останат на украинска територија, толку повеќе ќе и донесат уништување на Русија“.
– Тој знае од што се плаши бидејќи сам ја создаде оваа закана. Сето зло, сите загуби, сета омраза – тој е оној што ја шири. Зеленски додаде дека денес „сите руски бандити, платеници и олигарси“ виделе колку е лесно да се „окупираат руските градови“.
Украинскиот претседател уште еднаш ги повика западните партнери да ја поддржат Украина и да и помогнат да ја „заштити Европа“ со авиони и оружје.
We all remember how the head of Russia threatened the world in 2021. He had some ultimatums, he was trying to show a kind of strength…
The year 2022 showed that he confused – confused his illusions and the lies he was fed with strength. They in the Kremlin are capable of… pic.twitter.com/rwOhLvQJAF
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 24, 2023