Со напредувањето на Вагнер кон Москва, градоначалникот на руската престолнина ги предупреди жителите на можно затворање на патиштата

rusija_33454354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги повика жителите да ги ограничат патувањета, предупредувајчи на можно затворање на патиштата.

Собјанин предупреди дека ситуацијата во главниот град е „тешка“, со оглед на тоа дека силите на платеничката група Вагнер се движат кон главниот град на Русија  за да го соборат руското воено раководство.


„Ситуацијата е тешка. Ве замолувам да се воздржите од патување низ градот колку што е можно повеќе“, рече Собјанин во изјавата, предупредувајќи на можно затворање на патиштата.

Воедно, тој соопшти дека понеделник ќе биде „неработен“ ден, со одредени исклучоци, за да се минимизираат ризиците.

Претходно Би-Би-Си Русија јави дека во Москва се евакуираат дел од јавните згради, како што се музеи, трговски центри и слично, а истовремено се соопштува дека руските сили поставуваат митралески гнезда на јужниот влез во престолнината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK