– Руската област Калуга, која се наоѓа јужно од Москва, денеска воведе ограничувања за патувања поради бунтот на платеничката група Вагнер, која започна марш кон руската престолнина.
Оперативниот штаб одлучи привремено да воведе ограничувања на патниот транспорт на патиштата во областа што ја поврзуваат со регионите Тула, Брјанск, Ориол и Смоленск, изјави гувернерот Владислав Чапча.
Регионалниот главен град Калуга е оддалечен 180 километри од Москва.