Пригожин: Без истрелан куршум го зазедовме Јужниот воен округ во Ростов

prigozin_32534523
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин изјави дека неговите борци ја презеле контролата врз штабот на Јужниот воен округ на Русија во Ростов на Дон без испукан куршум.

Од друга страна, тој тврди дека врз неговите луѓе било пукано од артилерија и хеликоптери на патот кон Ростов. Пригожин во аудио пораката изјави оти верува дека има поддршка од рускиот народ за, како што го нарече „маршот на правдата“.


Федералната служба за безбедност на Русија вчера покрена постапка за наводен бунт против шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој ги покани министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот генерал Валериј Герасимов да дојдат во Ростов на Дон на средба со него. Во спротивно тој се закани дека платениците „ќе одат во Москва“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK