Борел разговараше со министрите за надворешни работи од Г7 за ситуацијата во Русија

borel_2424324233
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска разговараше со министрите за надворешни работи на земјите од Г7 за ситуацијата во Русија.

Борел на Твитер напиша дека во тек се подготовките за утрешната средба на Советот за надворешни работи на ЕУ и дека е активиран центарот за одговор на кризи.
Тој исто така додаде дека поддршката за Украина продолжува со несмалено темпо.


Денеска во вонредно обраќање до нацијата, претседателот на Русија, Владимир Путин, по повикот на шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин за бунт и влез на платенички сили во Ростов на Дон, оцени дека станува збор за „предавство“ и вети дека ќе ги „одбрани народот“ и Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK