Пекинг и делови од северна Кина погодени од рекордно високи температури

peking_kina_3453543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Пекинг и делови од северна Кина се погодени од рекордно високи температури, властите ги повикуваат граѓаните да избегнуваат да бидат на отворено.

Опсерваторијата Нанјао во Пекинг за првпат трет ден по ред забележа температура над 40 степени Целзиусови, соопшти кинеската метеоролошка управа.


Во соседната провинција Хебеј и пристанишниот град Тијанџин, температурите исто така достигнаа 40 степени Целзиусови во изминатите неколку дена, поради што властите издадоа „црвено“ предупредување за екстремни временски услови.

Во кинескиот систем за предупредување за временски услови, црвеното означува најтешки услови.

Пекинг го доживеа вториот најтопол ден во четвртокот со температури кои достигнаа 41,1 степени Целзиусови. Тоа беше и највисоката температура досега забележана во кинескиот главен град во текот на месец јуни.

Кинеските метеоролози велат дека сегашниот топлотен бран е предизвикан од топли воздушни маси поврзани со гребени со висок притисок во атмосферата.

Други азиски земји, исто така, доживеаја топлотни бранови во последните неколку недели, за кои научниците велат дека се поврзани со климатските промени.

Властите во Пекинг ги повикаа жителите да избегнуваат долго вежбање на отворено и да преземат мерки за да се заштитат од сонцето.

Температурите во Пекинг се очекува да се спуштат до околу 34 степени Целзиусови во понеделник пред повторно да се зголемат од следната недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK