– Украинскиот советник за внатрешни работи, Антон Герашченко, во врска со ноќешниот бунт на групата „Вагнер“ против руското раководството, денеска на каналот Телеграм го сподели соопштението на вагнеровците во кое се наведува: „Путин направи погрешен избор. Толку полошо за него. Наскоро ќе имаме нов претседател“.
Руските канали на Телеграм јавуваат дека „војниците на „Вагнер“ влегле во Воронеж и се на периферијата на Краснодар и Волгоград и дека никој не им дава отпор“.
Како потсетување, во раните утрински часови група платеници на „Вагнер“, под водство на Пригожин, почнаа вооружен бунт, окупирајќи го градот Ростов-на-Дон.
Според Пригожин, нивната крајна цел е влегување во Москва.