Руското МО до борците на „Вагнер“: Заведени сте и вовлечени во криминална авантура на шефот Пригожин

ministerstvo za odbrana rusija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руското Министерство за одбрана денеска лиферуваше соопштение до борците на платеничката група „Вагнер“ впо кое наведува дека тие биле заведени и вовлечени во криминална авантура од страна на шефот на групата Евгениј Пригожин, пренесоа светските агенции.

Во соопштението на Телеграм, руското министерство ги повика борците на Вагнер да контактираат со претставници на Министерството за одбрана и претставници на руските агенции за спроведување на законот и вети дека ќе ја гарантира нивната безбедност.


„Им се обраќаме на борците од јуришните одреди на приватната воена компанија Вагнер. Вие бевте со измама вмешани во криминалната авантура на Пригожин и учествувавте во вооружени немири. Многу ваши соборци од неколку одреди веќе ја сфатија својата грешка и се обратија за помош во обезбедување безбедно враќање на местата за постојано распоредување“, се наведува во соопштението на руското МО.

Во него се додава и дека сите борци и команданти од „Вагнер“ кои го направиле тоа ја добиле сета потребна поддршка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK