Хероин и дигитална вага биле пронајдени при претрес во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, денеска ги лишиле од слобода скопјаните И.Д. и А.А., на возраст од 42 и 43 години. При претрес во домот на И.Д, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага. Исто така, во домот бил затекнат А.А., се наведува во соопштението.
Лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.