Панел дискусија од проектот „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ во Делчево

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на проектот „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“, со учество на претставници од повеќе институции и невладини организации во  Делчево организирана панел дискусија на тема ,,Справување со состојбата околу социјалниот статус на учениците кои потекнуваат од семејства од социјален ризик”. Проектот е финансиран од Европската Комисија, а во реализација на Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија.



-Темата на нашата дискусија беше како да се справиме со состојбата и социјалниот статус на учениците  кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и за нивната можност да им се обезбедат подобри услови за живот. Сето тоа преку разни идејни решенија со кои ќе бидат активно вклучени социјалните, образовните и невладините институции, заедно со општинските претставници , со изнаоѓање законски решенија за поддршка и помош на овие ученици, за кои  постојано се информираат и се во тек за нивните проблеми со кои се соочуваат за изнаоѓање правни рамки и други финансиски и материјални средства, истакна координаторот на проектот Маријана Стоименовска.

За поуспешна реализација на овие активности како што додаде се подготвува посебно адаптиран простор во деветолетката Ванчо Прке во Делчево кој ќе биде наменет за овие ученици.

-Токму затоа и од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија дава можности да обезбедиме катче за престој на овие ученици во нашето училиште каде што ќе можат да го користат времето за  читање , пишување и можност за споделување училишни задачи со другите ученици на кои ќе им се помогне да бидат згрижени и да можат да си ги завршат училишните задачи и обврски навреме во рамките на овој простор кој ќе им биде даден за користење во текот на наставниот процес, додаде Стоименовска.

Проектот „Акција за намалување на нееднаквостите во образованието”, меѓу другото има за цел јакнење на капацитетите на граѓанските организации за развој на политики и застапување на полето на рамноправност во образованието преку регионална соработка и градење национални коалиции.

Овој четиригодишен проект (април 2020 март 2024), финансиран од Европската Комисија го спроведува конзорциум на организации од шест држави и го опфаќа прашањето на сиромаштијата и нејзиното влијание врз учениците на две нивоа: од една страна се однесува на образовните и социјалните политики кои треба да обезбедат долгорочни решенија за подобрување на рамноправноста во образованието, а од друга пилот интервенциите на училишно ниво да помогнат при задоволување на непосредните потреби на учениците со низок социо-економски статус.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK