Санирана Спомен-чешмата во охридското село Сливово

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за култура во рамки на проектот за реконструкција на споменици и спомен-обележја од Народноослободителната борба, спроведе реконструкција на меморијалниот споменик Спомен-чешма со мозаички сцени во охридското село Сливово, на местото каде на 11 ноември 1943 година беше формирана Првата македонско-косовска ударна бригада.

Реконструкцијата ја спроведе охридскиот „Завод и музеј“, чии стручни екипи изминатиот период регистрираа над 40 меморијални споменици и спомен-обележја од НОБ на територијата на 23 села во атарот на Општина Дебрца.


По потпишувањето на Меморандумот за соработка со Општина Дебрца, стручните служби на Охридскиот музеј ја санираа Спомен-чешмата, подигната во чест на тој значаен историски настан од НОБ што годинава одбележува 80 годишен јубилеј.

Екипа работници и стручни лица од Заводот и музеј – Охрид ги исчистија споменикот и околината, обновен е носечкиот камен ѕид со пополнување со нова цементна фуга и поставени се нови покриви на двете страни. Санирана е и опшивката на мозаикот и поправено коритото на чешмата. За тие активности Министерството за култура издвои сто илјади денари.

Спомен-чешмата во Сливово изработена од македонскиот современ сликар, мозаичар и изработувач на витражи, Борко Лазески, има двојно значење, и историско и уметничко, со оглед на тоа што има две мозаички сцени посветени на Илинден и на НОВ од 1941 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK