Дваесет и осумгодишно лице загина во сообраќајка на патот Радовиш – Ораовица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Во Полициската станица Радовиш, вчера во 18.15 часот било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, радовишко, на место викано „Рудина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.В., на 30-годишна возраст и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од С.Т., на 28-годишна возраст, двајцата од село Ораовица. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш, се појаснува во соопштението.
Увид извршиле јавен обвинител од радовишкото Основно јавно обвинителство и екипа од Полициска станица Радовиш. б