Казнети 354 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

policija stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во полициска контрола на сообраќајот на територија на Скопје вчера биле казнети 354 возачи, од кои 107 за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 27 биле санкционирани за возење без возачка дозвола, 25 казни за прекршоци од возачи на мотоцикл, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.


-Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, 22 мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…, информира МВР.

Министерството укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK