Коалицијата „Менуваме“ на средба со министерската за труд и социјална политика

menuvame
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претставници од Коалицијата „Менуваме“ денеска во 12 часот ќе се сретнат со министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Од коалицијата „Менуваме“ информираат дека денешната средба доаѓа на покана на министерката Тренчевска по протестот одржан на 7 јуни пред Владата, кога лицата со попреченост побараа решавање на нивните проблеми и зголемување на примањата.


На денешната средба, како што велета, ќе и соопштат на министерката дека за нив е неприфатлива Националната стратегија за лица со попреченост за период 2023-2030, која содржи Акциски План за период 2023-2026, во вредност од 46 милиони евра и ќе понудат свои решенија за надминување на проблемите со кои се соочуваат.

Тие истакнуваат дека не биле поканети кога се подготвувала Националната стратегија за лица со попреченост за период 2023-2030 и прашуваат кои невладини организации учествувале во нејзината подготовка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK