СБ и ММФ сакаат да го засилат кризното финансирање

svetska banka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската банка (СБ) ќе го олесни финансирањето на земјите погодени од природни катастрофи, објави СБ, откако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) најави дека ја постигнал својата цел да обезбеди 100 милијарди долари за ранливите земји.

Двете најави беа дадени на собирот на четириесет лидери во Париз, меѓу кои десетина од Африка, кинескиот премиер и бразилскиот претседател.


Целта на состанокот беше да се даде нов моментум на глобалното финансирање за да им се помогне на земјите во развој да ги ублажат долговите, да ги реформираат повоените финансиски системи и да ослободат средства за борба против климатските промени.

– Јасно е дека меѓународната финансиска архитектура не успеа во својата мисија да обезбеди глобална безбедносна мрежа за земјите во развој, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, нарекувајќи го системот застарен, нефункционален и нефер.

Лидерите сакаат да извршат притисок врз меѓународните развојни банки како СБ да ја зголемат достапноста на капиталот.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше домаќин на состанокот, истакна дека е време да се дејствува пред да се изгуби довербата.

Целта на состанокот е да се утврдат плановите за следните 18 до 24 месеци, за прашања како што се намалување на долгот и финансирање против климатски катастрофи.

Поради пандемијата на Ковид-19 голем број посиромашни земји се втурнати во должничка криза. Се очекува тие да продолжат да ги исполнуваат своите обврски и покрај огромните шокови во нивните финансии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK