Барселона на гостински терен против Хетафе ќе ја почне одбраната на титулата во новата сезона во шпанската Ла Лига која ќе стартува викендот на 12 и 13 август.
Како што објави денеска Фудбалската федерација на Шпанија, првото Ел Класико во новата сезона е на програмата на 19 октомври во Барселона, а реваншот во Мадрид на 21 април идната година, кога ќе се игра 32. коло.
Мадридски Реал ќе ја почне новата сезона како гостин против Атлетик Билбао, додека Атлетико Мадрид на отворањето ќе го пречека повратникот во прволигашкото друштво Гранада.
Сезоната 2023/24 во Шпанија ќе заврши на 26 мај.