Иранскиот министер за надворешни работи во посета на ОАЕ

nahjan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Обединети Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан денеска се сретна со шефот на иранската дипломатија Хосеин Амирабдолахиан, кој е во официјална посета на Абу Даби.

Како што јави државната новинска агенција на УАМ, шеикот Нахјан и Амирабдолахиан разговарале за „важноста од градење на позитивниот развој во (билатералните односи) за доброто на народите во регионот со цел да се подобри стабилноста и просперитетот“.


Иранската државна телевизија објави дека на средбата, што траела 90 минути, била разгледана можноста за понатамошна соработка на различни полиња. Абдолахиан го покани Нехјан да го посети Иран, а шеикот возврати со покана до иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Посетата на Амирабдолахиан е уште еден знак за подобрување на односите меѓу арапските земји од регионот на Персискиот Залив и Исламската Република. ОАЕ, Саудиска Арабија и другите земји од Персиски Залив долго време се внимателни кон Иран поради неговата нуклеарна програма и неговата поддршка на милитантните групи низ целиот регион. Затоа наведените арапски земји соработуваат со САД во сферата на одбраната.

Изминатите месеци земјите од Персиски Залив избраа сопствен пат за справување со противниците на САД, во време кога Вашингтон сè повеќе го насочува своето внимание кон Русија и Кина.

Неодамна Саудиска Арабија ги нормализираше односите со Иран, што беа во прекин седум години со посредство на Кина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK