Делегација од Општина Берово во посета на пријателски општини од Република Словенија


milevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делегација од Општина Берово се наоѓа во официјална посета на Република Словенија каде е предвидена посета на неколку Општини со кои општината досега успешно соработува.

Во рамки на посетата градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски оствари средба со амбасадорот на С Македонија во Словенија, Горан Милевски.


– На средбата ја истакнавме потребата од поддршката од Амбасадата, во иднина, за меѓуопштинска соработка со општини од Словенија и заедничко учество во аплицирање на проекти. Исто така разменивме мислења и искуства за идната можна соработка и со други општини од Република Словенија во делот на туризмот, заштита на животна средина, комунални услуги и противпожарна заштита, рече Пекевски.

Во рамки на посетата на Република Словенија како што додаде Пекевски делегацијата од Општина Берово ќе ги посети општините Раденци и Нова Горица каде се очекува да биде проширена соработката со доброволното противпожарно друштво од Нова Горица.

– Со оваа посета сакаме да изразиме задоволство од добрите пријателски односи, помеѓу двете земји, истакнувајќи дека истите треба да се зајакнуваат и во иднина, подвлече Пекевски.

Ова е возвратна посета на општините Нова Горица и Раденци, претходно Општина Берово од двете Општини обезбеди донации за унапредување на комуналните услуги и противпожарната заштита.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK