Повеќе од 150 мигранти спасени од три чамци во близина на Канарски Острови

begalci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанските власти соопштија дека денеска спасиле повеќе од 150 мигранти од три чамци во близина на Канарски Острови.

Во текот на ноќта спасени се 114 мигранти од два чамца, објави на Твитер Службата за итни случаи на Канарски Острови.


Мигрантите од третиот чамец се спасени во зората и сите 54 се вратени на островот Ланзароте.

Меѓу мигрантите на кои им е укажана помош се и бебе и мајка.

Денешното спасување се случи откако пред два дена се случи бродолом на околу 160 километри од брегот на Гран Канарија, при што настрадаа две лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK