Иран апелира до Албанија: Ги засолнивте терористите на МЕК, исправете ја грешката

Albanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канаани, ја повика албанската Влада да ја исправи својата грешка откако ги „засолни припадниците на терористичката организација МЕК”.

Во објава на Твитер, Канаани го повторува фактот дека освен Албанија, ниту една друга земја во светот не прифатила да биде домаќин на терористичката група откако таа беше протерана од Ирак во септември 2012 година.


– Поради нивната терористичка природа, МЕК секогаш ќе биде закана за безбедноста на тие што ги дочекаа, поради што иранската Влада ги протера, а другите влади одбија да ги примат. Се надеваме дека албанската Влада ќе ја поправи својата грешка во врска со засолнувањето на овој терористички култ, пишува Канаани.

Според него, албанските власти заплениле голем број електронски уреди и дронови кои членовите на МЕК ги користеле за следење и насочување на нивните терористички активности.

– Албанските власти рекоа дека со нивните терористички и сајбер активности го прекршиле договорот од 2014 година со Албанија, кој им дозволил да престојуваат во земјата, наведува Канаани.

При вчерашната контрола на просториите во кампот на  Муџахедините во Менз кај Драч, тие се спротивставија и се судрија со полициските службеници, при што имаше повредени и од двете страни.

Познатиот албански истражувачки новинар Артан Хоџа гостувајќи во телевизиска емисија изјави дека интервенцијата на албанската полиција во кампот на МЕК следувала по барање од меѓународните претставници.

– Од овој камп се извршени сајбер напади врз земји сојузници на НАТО, со што се поткопува националната безбедност на овие земји, рече Хоџа.

Инаку, полицијата запленила 96 компјутерски единици, 49 лаптопи, три мемориски картички и многу материјали кои некои членови на МЕК се обиделе да ги уништат со палење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK