Казахстан изненадувачки предложи прекин на мировните преговори за Сирија

Kazahstan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Казахстан, кој веќе неколку години беше домаќин на мировните преговори за Сирија меѓу Русија, Турција и Иран, изненадувачки предложи прекин на консултациите, пренесуваат странските агенции.

Дипломатите од трите земји се сретнаа оваа недела во главниот град на Казахстан, Астана, по дваесетти пат, за да разговараат за ситуацијата на теренот, патоказот за обновување на турско-сириските односи, израелските напади и голем број други прашања.


Овие преговори се водат од 2017 година. Еден од најзначајните потези објавени во Астана беше поделбата на сириските територии на зони за деескалација и нивно ставање под надзор на различни земји.

Денеска, пак, заменик-министерот за надворешни работи на Казахстан, Канат Тумиш, неочекувано повика на прекин на трипартитните преговори, наведувајќи дека нивната цел е постигната.

„Постепеното излегување на Сирија од регионалната изолација може да се смета за знак дека преговарачкиот процес во Астана ја постигна својата цел“, изјави Тумиш.

„Имајќи го предвид враќањето на Сирија во семејството на арапските земји, предлагаме официјално да се прогласи дваесеттиот состанок од преговарачкиот процес во Астана за конечен“, додаде тој.

Рускиот преговарач Александар Лаврентиев, пак, изјави дека не може да се каже дека процесот во Астана е завршен.

„Но, ако казахстанската страна одлучи дека консултациите треба да се одржат на друго место, ќе разговараме за ова и ќе избереме нова локација“, додаде тој.

Русија, Турција и Иран би можеле, на пример, наизменично да бидат домаќини на овие средби, посочи Лаврентиев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK