Пентагон објави грешка во пресметките за помошта на Украина

sabrina-sang
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за одбрана на САД ненамерно ја преоценил вредноста на воената помош за Украина за 6,2 милијарди долари. Пентагон во мај објави дека висината на помошта била покачена за три милијарди, но документите се уште еднаш корегирани и се покажало дека разликата била двојно поголема.

Како што се дозна на брифингот за новинарите синоќа, станува збор за книговодствена грешка во пресметката на цената на оружјето и муницијата земени од магацините, а не за реални раходи и не за физички обем на помошта.


Сабрина Синг, заменичка портпарол на Пентагон, изјави дека службениците во министерството уште еднаш ја пресметале вредноста на испораките за Украина согласно финансиските правила и документи на министерствто за одбрана и добиле разлика од 6,2 милијарди долари.

Таа завери дека ова никако нема да влијае на обемот на помошта Украина

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK