Бајден ја продолжи важноста на уредбата за вонредна состојба на Западен Балкан

bajden_345345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека во согласност со Националниот закон за вонредни состојби, останува на сила указот за вонредната состојба на Западен Балкан.

Тој синоќа посочи дека е неопходно да се продолжи вонредната состојба прогласена со Извршната наредба 13219 за Западен Балкан.


„Актите на екстремистичко насилство и опструкционистичка активност, како и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, наведени во овие извршни наредби, продолжуваат да претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, изјави Бајден во пораката до Конгресот, објавена на веб-страницата на Белата куќа.

Според соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа, извршната наредба првично била потпишана на 26 јуни 2001 година, а потоа била изменета со Извршната наредба од 28 мај 2003 година, за подоцна да биде проширена според Извршната наредба 14033 и останува во сила по 26 Јуни 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK