Промоција на Анализата за политичкото образование во Македонија

mladi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Експертска дебата за промоција на Анализата за политичкото образование во Северна Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондацијатa за демократија на Вестминстер и Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО).

На настанот е предвидено да се обратат, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, директорот на Бирото за развој на образование, Зекирија Хасипи, директорката на ВФД во Северна Македонија, Дона Костуранова и авторите на анализата, проф. д-р Иван Дамјановски, проф. д-р Ненад Марковиќ и проф. д-р Александар Спасов.


По обраќањата на министерот за образование и наука и директорот на Бирото за развој на образование ќе следат презентациите на авторите на анализата.

На дебатата се поканети претставници од граѓанскиот сектор кои работат во областа млади и образование, претставници на образовни институции, младински организации и меѓународни организации.

Настанот, како што наведуваат организаторите, ќе отвори простор за аргументација на потребата од политичко образование, компаративни искуства од областа на политичкото образование, како и модуси на кои истото би можело да се вклучи во нашиот образовен систем.

Анализата е изработена во рамки на соработката на ВФД со Претседателскиот центар за политичко образование, при Кабинетот на Претседателот Пендаровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK