Уганда приведе 20 можни „соработници“ на исламистичка група по масакрот во училиште

uganda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Властите на Уганда соопштија дека 20 лица биле приведени на сослушување за нивната можна улога во масакрот на 42 лица, главно ученици, кој во петокот го изврши исламистичката група Сојузнички демократски сили (АДФ).

„Најмалку 20 осомничени соработници на АДФ се уапсени за да ни помогнат во истрагата“, соопшти полицијата.


Меѓу приведените, како што посочија од полицијата, е и директорот на училиштето.

Група бунтовнички борци поврзани со Исламската држава упаднаа во петокот во средното училиште Лубирира во Мпондве, град на страната на Уганда што се граничи со Демократска Република Конго.

Запалиле еден ученички дом за момчиња, а упаднале во друг за девојки и почнале да ги сечат жртвите со мачети.

Од 42 убиени во нападот, 37 биле студенти.

„Меѓу жртвите има и 12-годишно девојче кое посетувало прва година средно училиште. Седумнаесет тела изгореле до непрепознатливост, а ДНК тестот ќе го утврди нивниот идентитет. Сите 17 изгорени тела се машки, со изгореници по целото тело, напред и назад. Една жртва имала дополнителна прострелна рана“, соопшти полицијата.

АДФ е основана во текот на 1990-тите во Уганда. Со години, бунтовниците се борат против Владата на претседателот Јовери Мусевени од нивната база во планините Рвензори кои ја делат Уганда од Конго.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK