Американската фудбалска репрезентација ја одбрани титулата во Лигата на нации за подрачјето на Северна и Централна Америка, откако синоќа во финалето во Лас Вегас беше поуспешна од Канада со 2-0.
Американците ги постигнаа двата голови во првиот дел преку Крис Ричардс во 12 минута и Фоларин Балогун (34). Двоен асистент во Џовани Рејна.
За САД ова е втора титула во Лигата на нации во која триумфираа и пред две години, кога беше одржано првото издание на ова натпреварување.
Третото место го освои Мексико кое во натпреварот за бронзата ја совлада Панама со 1-0.