Стокхолм: Русија е долгорочна закана по европската и светската безбедност

shvedska-zname
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во денеска објавениот извештај на шведскиот парламентарен Одбор за одбрана се наведува дека безбедносната и одбранбената политика на Шведска треба да биде дизајнирана за да се справи со долгорочна закана од Русија, која е опасност по европската и светската безбедност.

Во извештајот се наведува дека и покрај тоа што руските копнени сили се „врзани“ во Украина, не може да се исклучи можноста за друг вид воен напад врз Шведска.



– Агресивните дејства на Русија доведоа до структурна и значително влошена безбедносна ситуација. Русија дополнително го намали својот праг за воена употреба на сила и покажува висок апетит за ризик. Не може да се исклучи вооружен напад врз Шведска, се наведува во парламентарниот извештај.

Документот ја прикажува новата одбранбена доктрина на Шведска, заснована на членството во НАТО, наместо на претходната доктрина – соработката со другите скандинавски земји и ЕУ.

По минатогодишната руска инвазија врз Украина, Шведска поднесе барање за членство во НАТО, но Турција и Унгарија сè уште се единствените членки кои не го ратификувале членството на Стокхолм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK