Холандскиот фудбалер Промес осуден на 18 месеци затвор

promes
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандски суд денеска во отсуство му изрече казна затвор во траење од 18 месеци на напаѓачот на московски Спартак, Квинси Промес, поради оружен инцидент што се случи во 2020 година во кој 31-годишниот фудбаслер со нож рани роднина во пределот на коленото.

Промес во моментов живее во Москва и не е сигурно дали воопшто ќе се врати во родната Холандија.


Минатиот месец холандските обвинители дополнително го обвинија фудбалерот и за трговија со дрога.

Промес во минатото настапуваше за Твенте, Ајакс и Севиља, а одигра 50 натпревари за холандската репрезентација за која дебитираше во 2014 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK