Возило со косовски таблички паднало во реката Лепенец, се трага по три лица, едно е спасено

mvr
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возило со косовски регистарски таблички паднало во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец, стои во соопштението од МВР.


Оттаму дополнуваат дека во возилото „бмв“, покрај возачот, имало и тројца сопатници.

-Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, велат од МВР, дополнувајќи дека по лицата трагаат екипи од Одделот за специјални полициски операции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK