Мајсторовиќ: Македонија и Албанија имаат голема шанса да го ревитализираат проширувањето на ЕУ

majstorovikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија и Албанија имаат голема шанса да го ревитализираат проширувањето на Европската Унија. Овие две земји ги гледам како еден нов бран кандидати кои можат со својот ентузијазам и со својата посветеност и енергија, да донесат една нова атмосфера во процесот на европски интеграции, вели во интервју за МИА Срѓан Мајсторовиќ, претседател Управниот одбор на Центарот за европски политики и член на БИЕПАГ, експерт за европски прашања и добар познавач на ЕУ-политиките.

Мајсторовиќ нагласува дека земјите-кандидати од Западен Балкан и членките на Европската Унија треба да се договорат за две важни прашања.


-Едното прашање е како, на кој начин овие земји ќе станат членки на Европската Унија, имајќи ја предвид ревидираната методологија на пристапување која до овој момент за жал не даде соодветни резултати. Додека второто прашање е – кога? Ние мораме да размислуваме и за временска рамка, временски хоризонт, бидејќи во спротивно ќе се изгубиме повторно на нашиот пат и неможноста да се фокусираме на она што е важно, а за да се фокусираме, факторот време е исклучително важен, вели Мајсторовиќ во интервјуто за МИА.

Целото интервју заедно со видео-материјалот ќе биде објавено утре. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK