Се интензивираат борбите во јужна Украина

maljar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Епицентарот на борбите во Украина се префрли на патот кон Мариупол, каде украинската офанзива полека ги потиснува назад руските сили, а британските тенкови Челинџер се подготвени за битка, изјави украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар.

Според неа, најактивните борби повеќе не се водат околу Бахмут, во источниот регион на Доњецк, туку на југ, во правец на два крајбрежни града, Бердјанск и Мариупол.


– Ако во првата недела епицентарот беше на исток, сега гледаме дека борбите се движат кон југ и сега гледаме дека најактивни области се Бердјанск и Мариупол … На исток, непријателот ги насочи сите свои сили да ја запре нашата офанзива. И таму собираат сили да не спречат. Тие не се многу успешни на југ, информира Малиар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK