Мрежата „Безбедни новинари“ (Safe Journalists), која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, денеска објави дека се приклучува на нејзината членка, Здружението на новинари на Косово (АЈК) и го повика КФОР да ја обезбеди безбедноста на новинарите.
Мрежата смета дека е многу вознемирувачко што КФОР е присутен и не реагира во момент кога животот на неколку медиумски работници е во опасност, се вели во соопштението поврзано со физичкиот напад на снимателот на Радио-телевизија Косово, Бард Бектеши, додека денеска известуваше од Лепосавиќ.
„Безбедни новинари“ наведува дека ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.