ЕУ и Мексико се обидуваат да го модернизираат трговскиот договор

eu-zname
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската унија и Мексико се договорија да развијат подлабоко политичко партнерство и соработка, на средбата меѓу мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во Мексико, јави ДПА.

Двајцата лидери „изразија едногласност за важноста за модернизирање на Глобалниот договор и се договорија да ги забрзаат преговорите со цел да се финализира пред крајот на годината“, се вели во соопштението објавено денеска.


„Ќе го поддржиме вашиот план „Сонора“ (Sonora) зa да се искористи ресурсот што го имате во изобилство: Сонцето. Ќе работиме заедно за да ја зголемиме отпорноста на здравствените системи во регионот. Ова е само почеток и двете страни дополнително ќе ги истражуваат можностите за соработка, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Мексико е втор најголем трговски партнер на ЕУ во Латинска Америка, а ЕУ е втор најголем инвеститор во Мексико.

Фон дер Лајен и Обрадор денеска го одбележаа и договорот меѓу Мексико и Европската инвестициска банка (ЕИБ) за одржлива стратегија за финансирање во Мексико.

Мексико е последната станица на турнејата на Фон дер Лајен низ регионот. Таа ги посети Бразил, Аргентина и Чиле, каде се залагаше за договор за слободна трговија меѓу ЕУ и трговскиот блок „Меркосур“ („Mercosur“), како и за поголема соработка во областа на енергетиката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK