Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека Украина ќе добие дополнителна хуманитарна помош во висина од 205 милиони долари.
Блинкен истакна дека тоа е „критично важна поддршка за украинскиот народ“. Средствата ќе бидат наменети за храна, вода за пиење, како и за образование, здравствена заштита, правна помош и друго. Обезбедени се и средства за да се помогне во одржувањето контакт меѓу членовите на разделените семејства.
Повеќе од шест милиони Украинци ја напуштија својата татковина од почетокот на руската инвазија. Повеќе од пет милиони се внатрешно раселени.
Досега Вашингтон за Украина има обезбедено хуманитарна помош во износ од повеќе од 2,1 милијарди долари.