Ал Наср должи 200 милиони евра, би можел да го купи газдата на Милан


depositphotos_833037626_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саудискиот фудбалски клуб Ал Наср се соочува со големи финансиски проблеми поради долг кој надмина 800 милиони саудиски ријали, што е еквивалентно на околу 200 милиони евра. Огромниот дефицит на сметката на клубот за кој игра Кристијано Роналдо доведе до блокирање на трансферите, а може да доведе и до продажба на нов сопственик.


Како што пишува „Газета дело Спорт“, Ал Наср би можел да го купи Гери Кардинале, американски бизнисмен кој моментално е мнозински сопственик на Милан. Според овој извор, Кардинале е подготвен да плати околу 240 милиони евра за мнозинско сопствеништво во клубот, чии долгови се проценуваат на 200 милиони евра.

Ал Наср е еден од најрасипничките клубови во светот. Со доведувањето на Кристијано Роналдо, тие предизвикаа до вистински егзодус на фудбалски ѕвезди во Саудиска Арабија. Го покрија Роналдо со суво злато, но не само за да игра, туку и за да биде промотор на саудиската (фудбалска) култура во светот.

Ал Наср е фудбалски клуб од Ријад, основан во 1955 година, а неговите традиционални бои се жолта и сина. Меѓу најголемите успеси на клубот се бројните титули во лигата на Саудиска Арабија, вклучувајќи ја и онаа освоена во сезоната 2025/26.

Најголем белег на меѓународната сцена остави во 1998 година, кога го освои Купот на победниците на куповите во Азија и Суперкупот на Азија. Со ова, тој обезбеди настап на првото Светско клупско првенство во 2000 година, каде што стана првиот азиски клуб што учествуваше во ова натпреварување.

Најголемата ѕвезда на сегашниот тим е Кристијано Роналдо, а меѓу најпознатите играчи што играле таму се Садио Мане, Жоао Феликс, Кингсли Коман, Марсело Брозовиќ, Иниго Мартинез и Мохамед Симакан. Најголемата клупска легенда е саудискиот напаѓач Маџед Абдула, кој играше за Ал Наср две децении и постигна 260 голови.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK