Намерно се прави паника за загадувањето на морето, рече бугарскиот министер за туризам

dinkova
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Паниката за загадувањето на морските води по експлозијата на браната „Нова Каховка“ се прави намерно, коментира денеска пред медиумите во Варна министерката за туризам на Бугарија Зарица Динкова. Таа ја посети Вишата поморска школа (ВВМУ) во градот за на лице место да се запознае како се врши следењето на чистотата на водата. Мислам дека е очигледно дека намерно се создава паника и мора да се преземат мерки за да се запрат овие напади врз бугарскиот туристички бизнис, посочи Динкова. Според неа, во Бугарија се уште нема пад на резервациите за одмор.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.


Мониторингот на водата што се врши во ВВМУ е според највисоките европски стандарди, додаде Динкова. Според неа, податоците покажуваат дека во наредните 10 дена нема веројатност евентуалното загадување да стигне до романската граница. Таа нагласи и дека реката Дунав е природен филтер кој може да го истисне можното загадување. Прогнозата за чистотата на водата во моментов е исклучително добра и нема потреба од паника, додаде министерот. Таа прецизира дека разговарала и со раководството на РЗИ-Варна, од каде добила уверување дека по потреба може секојдневно да се вршат мерења на квалитетот на водата.

Началникот на ВВМУ адмирал на флота проф. Бојан Медникаров, рече дека образовната институција користи податоци од европски систем, а експертите успеваат да добијат информации од нивните украински пријатели и колеги. Секој ден се прават модели со прогноза од 8-10 дена, кои се модифицираат според дневните дојдовни податоци. Сегашната прогноза е дека нема тенденција за поместување на водните маси кон југ, додаде Медникаров. Слична е и оценката на Институтот за океанологија во Варна.

Податоците од ВВМУ се испраќаат до координативниот центар на Министерството за животна средина и води (МЖСП) и, сумирано, до сите заинтересирани сектори. Бугарската министерка Динкова исто така додаде дека таа и нејзиниот тим се посветени на јавноста да и дадат ажурирани, проверени и точни информации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK